речник контакт

Зошто Први мај?

[b]Црвени песни за црвениот Први мај [/b] Доста беше! Да не дозволуваме и понатаму капиталистите и нивните поддржувачи да ни фрлаат прав во очи! Да ги отвориме очите – крајно време е за тоа! Нашите интереси се различни од нивните и се газат од нивна страна!

Никола Солев

[b]Во денешното општество едните:[/b] • Лесно не добиваат работа за да си обезбедат егзистенција; • Кога ќе добијат работа, сè повеќе ги експлоатираат, па дури и ги понижуваат; • Им се продолжува работното време, им се влошуваат условите за работа, добиваат плата несоодветна на вложениот труд; • Постојано се соочуваат со опасноста да добијат отказ и ги спречуваат преку формирање синдикат да си ги заштитат правата; • Сè потешко врзуваат крај со крај со бедните плати што ги примаат; • Во сè поголем број се принудени да питаат и да буричкаат по кантите; • Не се способни да им пружат здрав живот, добро образование и среќно детство на своите деца. [b]Во денешното општество другите:[/b] • Печалат на потта, на здравјето на оние што работат за нив; • Ја користат својата надредена положба за да си ги лечат комплексите врз своите вработени; • Без да трепнат со око фрлаат неброени пари за безвредни работи, а не сакаат да ги покачат платите на своите вработени ниту за денар; • Го користат своето богатство за да си обезбедат незаконски привилегии за себе, да го заобиколат правото и да ја поткопаат демократијата! Денешното општество, гледаме, функционира против интересите на првите, кои се мнозинството од народот, а во интерес на вторите, во интерес на малцинството. Но, и покрај тоа, мнозинството си молчи и преќутно го прифаќа постојниот поредок! Поредокот е против мнозинството, но мнозинството не е против поредокот! Зошто? Бидејќи капитализмот научи како да ги спречи оние што ги гази да дојдат до свеста, да осознаат дека ги газат. Преку разни начини за пасивна забава во слободното време им го пополнува целиот период од слободното време па – експлоатацијата во текот на работното време се заборава поради интересноста на консумацијата во слободното време! Нè газат, нè експлоатираат, се богатат на наша сметка, а ние? Ние повеќе се интересираме за тоа кој победи, Челзи или Манчестер, за побрзо да го гледаме најновиот филм, за да си купиме некое ново парталче за да бидеме „во мода“ отколку за нашите права! Доста беше! Да не дозволуваме и понатаму капиталистите и нивните поддржувачи да ни фрлаат прав во очи! Да ги отвориме очите – крајно време е за тоа! Нашите интереси се различни од нивните и се газат од нивна страна! Во таа насока, во насока на будењето, решивме да се вклучиме во одбележувањето Први мај, на големиот работнички празник. Честит празник, работници, и знајте: никој нема да го цени она што е наше, ако ние не го цениме! Ослободувањето е можно само ако ја осознаеме сопствената неслобода и ако се зафатиме, ние самите, со одбрана на правата што ни ги газат! Веб страна: [url=levicamk.blog.com.mk/]levicamk.blog.com.mk/[/url]

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »